Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, му испрати честитка на претседателот на Соединетите американски држави, Џо Бајден по финалната потврда за неговата победа од страна на американскиот Конгрес, соопштија од ДУИ.
– Двата дома на Конгресот на САД на заедничка седница ја потврдија победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на изборите во ноември во Соединетите американски држави. Волјата на народот не може да се негира и владеењето на правото сепак триумфира без оглед на непосредните и моментални предизвици за демократијата, вели Ахмети во честитката.