Претседателот на ДУИ, Али Ахмети му ја честиташе победата на косовскиот премиер Хашим Тачи и за одличното спроведувањет на парламентарните избори на 8 јуни на цело Косово, како и за постигнатиот резултат.
„Изборниот процес во Косово го следев одблиску и им честитам на сите политички партии и граѓани на Косово кои придонесоа за спроведување на фер, слободни и демократски избори во согласност со меѓународните стандарди.
– Извојувањето на победа и добивањето на довербата на граѓаните претставува голема одговорност и јас Ве поканувам веднаш да започнеме со работа и да продолжиме со нашите заеднички напори за да ги приближиме уште повеќе нашите граѓани создавајќи им услови за удобно секојдневие без административни пречки.
– Оваа честитка доаѓа на 136 годишнината од Призренската лига, затоа морам да напоменам дека нашите братски врски со Косово се природни и затоа сум убеден дека нашата соработка нема да недостасува и ќе напредува секој ден повеќе“, се вели во честитката на Ахмети до Тачи.




