Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети очекува добри вести од Бугарија до крајот на годината

0
By Нова ТВ on November 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До крајот на годинава ќе има добри вести од Софија во врска со спорот со Македонија, изјави синоќа за ТВ 21 Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

„Надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји е прашање на време. Не мислам дека е време да споделувам со јвноста за понудите или последните документи кои се разменети. Ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија“, рече Ахмети и додаде дека е убеден дека од ангажманот на  министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе има резултати.

„Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста, му честитам“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ оцени дека судењето против водачите на ОВК во Хаг е тажен момент за сите Албанци, затоа што на обвинителна клупа, како што вели, е нивната историја.

Ахмети за можната интерпелација поднесена од пратеници на ДУИ рече дека нема загриженост за тие гласини. Во Собранието се шпекулира дека пратеникот на ДУИ Изет Меџити може да поднесе интерпелација против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно господинот Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена“, изјави Ахмети.

Во однос на најавата на Блерим Беџети дека е можно да има интерпелација, Ахмети со став дека опозицијата покренува интерпелација, а за можноста тоа да биде покренато од некој од неговите сопартијци вели „зошто да не, демократија е … “.

Сепак, Ахмети, посочи дека не очекува никој од неговата партија да се приклучи на опозицијата во интерпелацијата.

Ахмети коментираше и за ситуацијата на Косово, односно дека неговите пријатели Тачи, Весели, Селими, Красниќи кои завршија во Хаг.

-Тоа е тажен момент, не само за мене туку за сите Албанци бидејќи на обвинителна клупа е историјата на Албанците, една од најдобрите, најсилните истории на Албанците од Косово, но и општо на Албанците при што идеал на нашите преродбеници беше ослободувањето на Косово, а тоа беше и идеал на сите тие големи патриоти почнувајќи до Хасан Приштина, Бајрам Цури, Азем Бејта и сите тие кои продолжија по нивните чекори на Хасан Приштина, Реџеп Мала, Африм Жетија, Захир Пајазити, така да ова е тежок момент но се случи и сега треба да излезат пред меѓународниот суд, за што јас мислам дека не постоеше друго решение, мораше да се чекори по тој пат, бидејќи имаше обвиненија од сите страни“, рече Ахмети.

Околу информацијата во албанските медиуми дека еден од можните сведоци за Жолтата куќа би можел да биде и Артан Груби, актуелен прв потпретседател на Владата на РСМ, Ахмети одговори дека неговата улога била само како преведувач и ништо повеќе од тоа.

Тој ги коментираше зборовите на Заев дека „Албанците не вредат пет пари“. Според него, Заев го кажал тоа под влијание на емоции бидејќи сметал дека ДУИ со кандидатот за премиер сакал да се реваншира, но потоа лидерот на ДУИ му објаснил  дека не била тоа причината.

-Ми кажа  отворено декз тоа било бидејќи ние излеговме со кандидат за премиер, и дека тоа го правиме за да се реваншираме и за да го дискредитираме ликот на господин Заев. Јас му објаснив дека тоа нема врска ни со дискредитирање, ни со реваншизам  туку дека станува збор за ветување од Вториот конгрес на ДУИ, дека ние се ориентираме кон највисоките државни органи, претседател на државата, премиер, се до тајните служби на државата. Тоа треба да ги радува сите, не само македонските политичари и граѓани на РСМ, од македонската заедница, за таа наша посветеност бидејќи ја чувствуваме оваа држава за наша, не сме лицемерни, да бидеме пристрасни или да се однесуваме како набљудувачи на настаните.  Ние преземаме одговорност за водење на оваа држава, бидејќи во душата ја чувствуваме за наша држава. И оваа држава треба заедно да ја градиме.“, рече Ахмети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.