Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, посетата на Македонија ја позчна уторово со средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Палмер, како што е најавено ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии.
Како што минатата недела објави Американската амбасада во Скопје, Палмер ќе разговара со македонскиот државен врв околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.
Палмер е во втора посета на земјава годинава. Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во август годинава.





