Демократската унија за интеграција на Конвенција попладнево во Скопје под слоганот „За општината која ја сакаме“ ги промовираше своите кандидати за градоначалници на локалните избори.
– На овој долг и тежок пат може се направени пропусти, бидејќи кој работи може понекогаш и да згреши. Но нашата цел нашата дестинација никогаш не сме ја промениле, а тоа е да продолжиме во нов дух заедно со вас. Ве повикувам да продолжиме со промовирање на вредностите на ДУИ. Вредностите на толеранцијата, солидарноста, на помирувањето, на консензуалноста, на одговорноста, на храбрите одлуки и евроамериканскиот дух, рече лидерот Али Ахмети на Конвенцијата.
Тој додаде дека во ДУИ се посветени на градење правна држава и општество во кое ќе владее законот еднаков за сите затоа , потенцира тимовите работат на сите промени. – Но, оцени, имаме многу работа пред нас и овие работи се вршат со храбри луѓе, со искусни кои не разочаруваат, истакна на Конвенцијата.