Лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети се надева на поголема излезност во вториот круг. Тој по денешниот собир на подмладокот на партијата изјави дека е убеден оти ќе има цензус на претседателските избори и дека сите органи на неговата партија работат на тоа цензусот да биде постигнат.
Јас верувам и убеден сум дека ќе имаме цензус на вториот круг од претседателските избори. Јас можам со сигурност да кажам дека сме многу близу до успех и дека сите органи на партијата работат да има цензус и успехот ќе биде многу голем. Јас мислам дека на 5-ти мај ќе се одлучува дали оваа земја ќе биде успешна и со тоа ќе испратиме порака о меѓународната заедница дека на 5 мај сме гласале за што поскоро членство во НАТО и ЕУ. НЕ е точно дека ние како ДУИ немаме силна кампања, сите органи на партијата се мобилизирани и го даваат максимумот за што поголема излезност на петти мај, изјави Ахмети.




