Published: Tuesday, November 5, 2013 11:25
„Се е направен за да се најде решение, компромис. Прво мора да се подготви јавноста, посебно македонската јавност“, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети, во последното издание на емисијата „Патот Кон“ на Алсат М.
Според Ахмети ако не се реши името земјата ќе падне во изолација. Меѓународната заедница ќе ги запре сите средства и кредити. Тоа ќе остави последици на сите граѓани.
„Голем број од Македонците веќе имаат бугарски пасоши 50.000 или 100.000, ќе почнат и Албанците да вадат албански пасоши бидејќи таа земја е членка на НАТО и на пат е да стане член на ЕУ“, вели Ахмети за Алсат М.
Покрај проблемот околу името, дел од темите се актуелните политички случувања и дипломатската офанзива на лидерот на ДУИ.




