Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира наводите на ДОМ, дека со Правилникот за ГМО од 1 октомври широко ќе се отвори вратата за влез на генетски модифицирани организми преку увоз на ГМО добиточна храна.
„Овој подзаконски акт, за кој ДОМ предлага да се стави во мирување за да се преиспитаат сите елементи што тој ги содржи, се подвлекува, е комплетно усогласен со европската легислатива која ја регулира оваа област.
>>ДОМ бара Македонија да се заштити од ГМО храна
– Со него се дефинираат условите и постапката за издавање на одобрение увоз и за ставање во промет на добиточна храна која содржи ГМО, за што истото задолжително мора да се базира на научни докази дека истата нема да има штетни последици ниту за животните, ниту за човекот, ниту за човековата околина“, се вели во реакцијата на Агенцијата.




