Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ ја одбележува светската недела за свеста за антибиотиците

0
By Mirjana on November 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година е дел од глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day) кои се одбележуваат од  18 до 24 ноември. Целта на кампањите е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животните и животнната средина, предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства и да се промовираат добри практики, со цел ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми низ целиот свет. Годинашното мото „Ширење на свеста, стоп за отпорност“ (Spread Awareness, Stop Resistance), ги повикува сите вклучени во концептот „Едно здравје“, креаторите на политики, давателите на здравствени услуги и општата јавност да бидат лидери во подигнувањето на свеста за антимикробната отпорност.

-Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи на справување со овој глобален проблем следејќи ги упатствата на светските и европските надлежни институции. Донесени се Програма за антимикробна отпорност за периодот 2017 – 2021 година и Годишен план за мониторинг на антимикробна отпорност, кој се спроведува од 2018 година. Резултатите од спроведувањето на Годишниот план и тековното движење на антимикробната отпорност во изолатите добиени во ветеринарната медицина се објавуваат на интернет страната на АХВ. Дополнително, податоците се доставуваат и до Европската Агенција за безбедност на храна, која истите ги објавува во Националните извештаи за движењето на зоонозите и антимикробна отпорност за секоја година поединечно отпорност – вели Николче Бабовски, директор на АХВ.

Во моментов активно се работи на подготовка на новата Програма за антимикробна отпорност за периодот 2022 – 2026 година, која е усогласена со најновата легислатива на Европската унија за следење и известување на антимикробна отпорност кај зоонотски и коменсални бактерии. Програмата е заснована на најновите научни мислења и се однесува на познатите прашања за имплементација и научно одговара и обезбедува континуитет во проценката на идните трендови во антимикробната отпорност.

Агенцијата, е активен учесник во креирањето на Стратегијата за антимикробна резистенција и Акцискиот план за 2017 – 2020 година, како заеднички проект на неколку надлежни институции во државава. “Преку мултисекторската комисија при Министерството за здравство и преку учество на вработени од Агенцијата во телата на Кодекс алиментариус (Codex Alimentarius), Светска здравствена организација  и Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA), АХВ активно ги пренесува своите достигнувања на полето на антимикробната отпорност во ветеринарната медицина” – објаснува Бабовски.

На проблемот со антимикробната отпорност големо внимание внимание посветуваат и водечките светски организации од областа на јавното здравје, здравјето на животните и безбедноста на храната – Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, Светската организација за земјоделство и храна – ФАО, Светската здравствена организација – СЗО, Европскиот центар за превенција и контрола на болести и други, кои активно работат на подигнување на свеста за ризиците од антимикробната отпорност преку организирање на истражувања, одржување на семинари, советувања, објавување на публикации за јавноста и друго.

Како активен учесник во глобалните кампањи за одбележување на овој ден, а со цел подигнување на свеста за можните ризици од прекумерна и несоодветна употреба на антимикробните средства АХВ подготви и водич „Одговорна употреба на антимикробни средства во ветеринарната медицина“, наменет за информирање на јавноста, но, пред се на вклучените страни во прометот и употребата на овие средства.

 

АХВ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА СВЕСНОСТ ЗА АНТИБИОТИЦИТЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.