Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ почна две кампањи за означување на храната и за беснило

0
By Mirjana on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за храна и ветеринарство започнува две кампањи за подигнување на јавната свест за значењето на означувањето на храната и за подобрување на пасивниот надзор над болеста беснило. Со овие две кампањи практично се одбележува и завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”. Проектот вреден 1,6 милиони евра се реализираше изминатите две години во рамки на ИПА 2015, со финансиска поддршка од ЕУ.

-Промовираме две кампањи, едната за подигнување на јавната свест кај граѓаните за здрава храна, а другата за пасивен надзор над беснилото. Безбедноста на храната е еден од најважните фактори за зачувување на здравјето на луѓето и на домашните животни, а кампањата за пасивен надзор на беснило е продолжување на кампања која порано се спроведувала во нашата држава. Знаејќи дека беснилото претставува заразна болест, зооноза која се јавува и кај домашните животни и кај граѓаните од посебно значење за спречување на ширење на болеста е сето она што го прави ЕФСА на цел овој регион. Ние сме во една голема кампања во која заедно со сите земји од регионот продолжуваме да се грижиме и за здравјето на домашните животни и за здравјето на луѓето, изјави директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Тој објасни дека при секоја појава на беснило со овој пасивен надзор ќе овозможиме веднаш да се направи пријава. Доколу месото е термички обработено не постои опасност за луѓето, но доколку дојде до каснување од диво животно или контакт со слуз тогаш постои опасност да се заразат и луѓето.

Според заменик-министерот за земјоделство, Трајан Димковски со проектот се постигнуваат одредени цели и тоа дизајниран и развиен  оперативен фитосанитарен информациски систем, усвоен правилник со листи за штетни организми, растенијја, растителни производи и предмети со цел заштита на земјата од нови опасности од увоз во согласност со новата ЕУ регулатива.

Донесен е и Закон за фитофармација, подготвени се подзаконски акти, како и Национален акциски план за одржлива употреба на пестициди и Прирачник за сертификација на опрема за апликација на пестициди.

-Крајни бенефити се производните процеси насочени кон заштита на животната средина и потрошувачите кои користат побезбедна и здравствено исправна храна, подвлече заменик министерот.

Раководителот на секторот за операции при Делегација на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин порача дека е клучно да се воспостават одржливи механизми за производство на храна.

-Алармот е веќе вклучен. Човештвото користи многу повеќе ресурси отколку што произведува. Мора да престанеме со фрлање, да ја зголемиме свеста кај луѓето, истакна Худолин.

АХВ кампањи храна и беснило
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.