Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АИ: Реформски напредок, но и загриженост за неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата во Македонија

0
By Нова ТВ on April 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 7, 2021 09:10

Во денеска објавениот годишен извештај на Амнести интернешнл во делот за Северна Македонија се наведува дека „и покрај спроведувањето на реформите идентификувани од Европската комисија, останува загриженоста за неказнивост, говор на омраза, дискриминација на жени, Роми и ЛГБТИ лица“. Исто така се додава дека продолжило незаконското притворање, како и притисокот врз бегалците и мигрантите. Амнести интернешнл нотира дека ЕК во март го одобри почетокот на разговорите за пристапување, признавајќи го напредокот во реформите во судството, полицијата и безбедносните служби и во справувањето со организираниот криминал и корупцијата. Во септември, владата објави програма за реформи во медиумите, која вклучува адресирање на ширењето на „лажните вести“.

Се наведува и тоа дека по избувнувањето на ковид-19, вонредната состојба која беше прогласена од средината на март, беше укината во средината на јуни за да се овозможи кампања за парламентарните избори во јули. Притоа, како што се додава, полицијата била селективна во спроведувањето на усогласеноста со полицискиот час и забраната за верски или јавни собири. Во април, владата го скрати финансирањето на НВО за 525.000 евра, загрозувајќи ја нивната можност за испорака на основни услуги. Судовите, како што се наведува во извештајот, едвај функционираа, постигнувајќи бавен напредок во гонење на лица обвинети за кршење на ограничувањата на ковид-19.

Парламентот во март го затвори Специјалното обвинителство, создадено во 2015 година со надлежност за наводни сериозни злосторства, вклучително и кршење на човековите права, од поранешни владини министри и службени лица. Над 20 случаи биле пренесени на јавниот обвинител. Продолжи судењето на поранешниот шеф на тајната полиција и министер за внатрешни работи за нивно учество во незаконско набљудување. Во јуни, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба. Северна Македонија сè уште ја нема ратификувано Меѓународната конвенција за заштита на сите лица од присилно исчезнување, потпишана во февруари 2007 година.

Дискриминацијата заснована врз етничка припадност, религија, пол и сексуална ориентација опстојува, честопати подгревана од пандемијата. Говорот на омраза и дезинформациите на социјалните мрежи често беа насочени кон албански граѓани. Хелсиншкиот комитет за човекови права пријави 80% зголемување на антиисламски говор на омраза пред изборите, а во јули поднесе пет кривични пријави за ширење омраза.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.