Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Академик Беџети: Во 2025 Албанците побројни од Македонците

0
By Нова ТВ on May 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Академикот Абдулменаф Беџети, смета дека во 2020 година, албанското население ќе се израмни со македонското, а во 2025 година Албанците ќе бидат побројни од Македонците.

Беџети ја даде оваа изјава за Алсат-М ја, повикувајќи се на релевантна студија на Универзитетот Сорбона во Франција:

-Овој феномен го третираат повеќе во социоекономските анализи и тоа е феномен кој беше очекуван и проектиран уште пред 15 години. Ќе се повикам на една студија што ја направи еден научник со македонски бек-граунд од Универзитетот Сорбона во Франција уште во 1998 година, доктор Иван Савев.

Тој предвидува и прави проекции и прогнози за следните 20 и 25 години, значи 2020-2025, за тоа како ќе се развиваат демографските односи во самата Македонија, природниот раст на населението и така натаму. И тој таму доаѓа до еден заклучок, во едно таканаречено `песимистичко сценарио за нив и оптимистичко за нас` стои дека 2020 година, албанското население речиси ќе се израмни со македонското, додека во 2025 година, всушност албанското население ќе го надмине македонското, се разбира во релативниот сооднос, вели Беџети.

Според други статистики пак, намалување на наталитетот се забележува и кај двете најголеми етнички заедници, односно и кај Македонците и кај Албанците.

-Природниот прираст на населението според пописот од 2002 година, од пред 11 години кај Албанците беше 18 промили, а кај Македонците беше 9-10 промили, значи сега кога кај нас тоа е 9-10, а кај нив 4-5. Тоа зборува дека интензитетот на опаѓање кај нас е многу поголем. Но, од релативен аспект, овој сооднос сè уште не го загрозува релативниот однос меѓу Албанците и Македонците, напротив го форсира, па затоа ако се повикаме на бројки, значи дека наталитетот кај нив е многу помал отколку кај нас.

Треба да споредиме какви се трендовите, кои се тенденциите, нивниот интензитет и актуелните состојби. Затоа јас не гледам сериозно загрозување на нумеричкиот сооднос на албанското и македонското население“,изјави Беџети.

Беџети вели дека токму стравот од тоа била една од причините за прекинување на пописот на населението во 2011 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.