Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Академиците подготвуваат зборник со конкретни насоки што треба да направиме на патот кон ЕУ

0
By Ана Василевска on June 22, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Таки Фити
Таки Фити
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е во предност во однос на макроекономската стабилност, бизнис климата, но и во  усвојување на информациско-комуникациските технологии, а најслаби сме во доменот на институциите, смета академик Таки Фити, кој се обрати пред почетокот на  научната конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети“ во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања.

„ Исто, постои еден ограничувачки фактор, тоа е големината на пазарот, на којшто исто така може да се дејствува. Имаме сериозни слабости во системот на образование, на сите степени и ако го гледате високото образование работите се вратени и се полоша ситауција од раните транзициски години. Кризата со Ковид-19 ги покажа слабостите на здравствениот систем. Имаме проблеми со иновациската политика која е во својот зародиш – смета Фити.

Според него, темата е извонредно значајна, таа има висока важност, а тоа се покажува и со фактот што во трите области за коишто денес ќе се дискутира пријавени се 35 научни трудови со негде околу 50 учесници. „Во економскиот дел имаме 18 теми и негде околу 30 учесници“.

„Тука ќе почнеме да дискутираме и да расправаме најпрво за клучните економски критериуми за забрзување на пристапувањето на македонија во ЕУ, посебно ќе зборуваме за продуктивноста, конкурентноста – тоа се две области во кои имаме многу сериозни проблеми на патот кон ЕУ, но ќе отвориме и многу други теми како фискалните предизвици во европски контекст и тоа на централно и на локално ниво, ќе разговараме и за проблемите на економскиот раст и развој, состојби, пречки, перспективи. Исто така има многу важна тема за која ќе расправаме, конвергензијата, односно приближувањето кон стандардите на ЕУ, на висината на доходот и ценовната конвергенција. Ќе расправаме и за еден многу значаен елемент, тоа е зелената или еколошката транзиција“ – додаде Фити.

Препорака на академиците е  трудовите кога ќе ги подготват, што ќе бидат објавени во посебен зборник, место заклучни согледувања, да содржат конкретни, јасни препораки до креаторите на политиките што е она што треба да направиме.

„Со оглед на тоа што јас очекувам и во економските и во другите делови дека ќе ги детектираме јасно слабостите каде што имаме некаков релативен напредок и предности, но исто така областите, секторите каде што имаме лоша состојба, дури и полоша во некои сектори од раните транзициски години и да предложиме конкретни мерки како тоа да се надмине“, рече Фити и најави дека тој зборник ќе биде доставен и до Владата и ќе биде добра основа за формирање експертски тим, кога ќе се отвори процесот на преговарање.

Според него „релативна предност имаме во доменот на макроекономската стабилност, таа со години е таква, сега инфлацијата го наруши малку тој статус, но е една од посилните страни. Бизнис климата, според индикаторите на меѓународните институции е исто така од подобрите, а предност имаме и во усвојување на информациско-комуникациските технологии“.

„Најслаби сме во доменот на институциите. Исто постои еден ограничувачки фактор, тоа е големината на пазарот, на којшто исто така може да се дејствува. Имаме сериозни слабости во системот на образование, на сите степени и ако го гледате високото образование работите се вратени и се полоша ситауција од раните транзициски години. Кризата со Ковид-19 ги покажа слабостите на здравствениот систем. Имаме проблеми со иновациската политика која е во својот зародиш“, вели Фити.

Смета дека регионалната соработка е многу значаја, поради близината, иако тоа не може да биде замена за членство во ЕУ, сепак вели отсекогаш, интензивирањето на регионалната соработка, го забрзува процесот на пристапување кон ЕУ. Иако, вели Фити, во поглед на конкурентноста Македонија и скоро да влезе во ЕУ, ќе има големи проблеми, бидејќи во однос на конкурентноста сме дури на 82 место меѓу 141 земја, а кај продуктивноста имаме исклучително лоша ситуација мерено по сите индикатори и по БДП по работник и по новокреирана додатна вредност по работник и кај вкупната факторска продуктивност. Тука заостанувањето е меѓу 2,5 и 4 пати во однос на европскиот просек, без споредба со високоразвиените земји.

ЕУ МАНУ Таки Фити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.