Published: Tuesday, March 3, 2015 11:51
Во продолжение на полициската акција „Чекан“, повеќе лица синоќа биле уапсени во Гостивар.
Меѓу уапсените има и полицајци, од кои, еден поранешен командир на гостиварската полициска станица.
Министерството за внатрешни работи најавува повеќе информации во текот на денот.
Во акцијата „Чекан“ беше приведен бизнисмен од Гостивар, нотари и извршители осомничени за лихварство, изнуда, перење пари и злосторничко здружување.
Лицата, се товарат за злосторничко здружување, изнуда, лихварство, перење пари и други казниви дела, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија.




