Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без Законот за намалување на ДДВ за струјата, во август ќе стигнат повисоки сметки

0
By Biljana on July 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повисоки сметки за струја ќе добијат граѓаните на 1-ви август доколку предлог Законот за ДДВ во најбрз рок не го мине собранискиот филтер. И покрај најавите на Владата дека ценовниот удар од зголемувањето на цената на електричната енергија кое го најави Регулаторната комисија за енергетика, ќе биде ублажено преку намалување на ДДВ-то за струјата од 18 на 5 проценти, за сега се поизвесно е дека за јули домаќинствата ќе платат струја по повисока цена.

Седницата на која пратениците треба да дискутираат за измените на Законот за ДДВ се уште не е закажана. Министерот за финансии, Фатмир Бесими апелира неродните избраници што побрзо да го усвојат Законот, бидејќи без амин од Парлементот, вели компаниите кои испорачуваат струја до потрошувачите ќе мора да испрачаат сметки со пресметка на ДДВ по стариот Закон.

„Јасна е намерата на Владата за овој предлог Закон, но во овој транзит период, апелираме што е можно поскоро да се стави на дневен ред. Немам точна информација кога Законот ќе биде ставен на дискусија, но не е прашање на месеци, туку е прашање на денови или недели во текот на овој месец кога Собранието ќе го изгласа законот. Се додека Законот не се изгласа во Собрание, важи постојното законско решение, а тоа е дека ДДВ за струјата е 18 отсто“, рече Бесими.

Министерот немаше конкретен одговор, дали домаќинствата кои ќе платат повисока цена за електрична енергија за месец јули, би добиле поврат на парите откако Законот ќе го мине собранискиот филтер.

Пресметите покажуваат дека на сметка од 1000 денари, граѓаните би платиле дополнителни 150 денари за електрична енергија или 124 денари според новата цена на струјата повисока за 12,4 проценти плус 18 отсто ДДВ според стариот Закон.

Инаку, на денешната прес конференција, министерот Бесими најави дека Владата ќе ги продолжи ковид мерките за поддршка за стопанството и за ранливите категории на граѓани.

„Треба да бидеме многу внимателни, да не ја прекинуваме нагло поддршката, туку постепено и насочено. Преку разни економски мерки таа продолжува во текот на 2021 година, со финализирање на претходните и спроведување на нови – две групи насочени кон ублажување на ефектите од пандемијата врз најранливите и поддршка на побрзо закрепнување на домашната економија. Во оваа насока ќе обезбедиме таргетирана привремена фискална поддршка за стопанството и ранливата категорија домаќинства “, рече Бесими.

Бесими најави дека приоритет ќе се даде и на спроведувањето на Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и на новиот начин на финансирање на средното стручно образование и обуката.

„ Ќе го зајакнеме пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории. Воедно ќе го зајакнеме капацитетот на соработката помеѓу агенциите за вработување и центрите за социјална работа со цел да се обезбедат интегрирани услуги и мерки за подобрување на инклузијата на пазарот на труд“, појасни Бесими.

Програмата за економски реформи, која е најважниот стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и државите-членки на ЕУ предвидува растот на македонската економија да достигне 5,9 проценти во 2025 година, при што просечниот раст на годишно ниво во периодот 2021-2025 да изнесува 5,3 отсто.

Биљана Божиновска

Фатмир Бесими цена на струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.