Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако сакаме да прогледаме, мора да се разбудиме!

0
By Marija Todorovska on November 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 12, 2024 09:38

Есенва започна, а истите теми нѐ преокупираат повторно како и секоја есен досега. Колку ќе нѐ чини зимницата, колку училишните прибори и како ќе ја поминеме зимата со огрев? Сигнал дека се подигнал стандардот на граѓаните ќе биде кога барем една од овие теми нема да е актуелна.

Војо Маневски / ЦивилМедиа.мк

Секоја генерација мисли дека е дел од некакви историски промени, а всушност сите периоди во историјата се или подготовка или конкретна промена на односите меѓу државите. Тоа е природата на човечката организирана заедница од мигот кога еден човек успеал да го убеди другиот дека тоа што го држи е само негово и само тој има право да располага со него. Од тогаш, па до денес човештвото води војни за да се докаже што и колку е чие.

Есенва започна, а истите теми нѐ преокупираат повторно како и секоја есен досега. Колку ќе нѐ чини зимницата, колку училишните прибори и како ќе ја поминеме зимата со огрев? Сигнал дека се подигнал стандардот на граѓаните ќе биде кога барем една од овие теми нема да е актуелна.

Она што е константа е веќе врежаната навика за сѐ да бараме решение од Владата, партијата, премиерот. Овде вината е заедничка. Секоја партија се преставува како месија која ќе ги реши сите проблеми, а ние треба само да гласаме за нив. После изборите, е после изборите се гради приказна за нови избори и така во круг додека не се разбудиме. Дотогаш само гласаме и гласаме.

А мораме да се разбудиме од многу сонови што немаат шанси да станат јаве. Да се разбудиме од либералистичките разбирања на економијата. Тоа наше разбирање на меѓународната поделба на економијата ни се наметна, а и ние со раширени раце го прифативме дека живееме во време на услуги, делење памет по семинари, пазарување по молови и конечно можност да станеме модерен свет. Да бидеме „напредни“ без фабрички хали, рудници и она што најмногу го мрази овој народ, а тоа е земјоделието. Не Бугарите во Устав, туку и Марсовците ќе се согласи да ги вметне само да не го потсетуваш на потеклото од село. Тоа што селанец и сељак не е исто, не е важно само да не нѐ асоцира на село, нива или фарма.

Сега кога во Европа суверенистите се во подем, во Америка Трамп ќе воведува царинска заштита на домашната економија, ние никако да се разбудиме дека Југославија веќе ја нема триесет години, а Македонија не е истата држава и ние не сме самоуправувачи, туку вработени за плата или носители на бизнис кој зависи од пазарните законитости, па макар биле искривени како што ние ги разбираме. Ќе мора да се разбудиме дека е одговорност да се води бизнис и ако не се грижи бизнисменот за квалитени работници ќе пропадне. Ако не ја намалиме корупцијата само докажуваме дека немаме одговорност за заедницата, туку ни е важно само нашето чергиче.

Е сега кога дојде сметката за наплата ние како врапци во гнездо со отворени клунови чекаме Владата да нѐ нахрани. Бизнисмените бараат помош, земјоделците субвенции, сите бараат поголеми плати, ама ако може ние како граѓани многу да не се менуваме и за ништо да не сме одговорни. Еднаш пишував дека немаат право половина милион наши сограѓани ни да гукнат против оваа Влада. Имавме избори и избравме тоа што го избравме. Ако извлековме поука ќе видиме на следните локални избори, ако не тогаш ќе потврдиме дека токму ваква власт е нашиот избор. Некои логични следствија се едноставни, ама тешко прифатливи.

Социјалните мрежи го сменија светот и сега секој смета дека треба да го каже своето мислење, иако никогаш во животот немал свое мислење, туку збир на разни влијанија околу себе. Одминува либерализмот кој на сцена го гледавме четириесеттина години. Нема раст на БДП само од услужни дејности и селење на производството во државите со ефтина работна наемнина. Европските економски аналитичари и социолози зборуваат за модели на нова индустријализација или како што велат „реиндустријализација“. Се мисли на нови зелени технологии и сѐ повеќе роботизација во процесот на производство. Место големите државни сојузи сега се размислува за појаки национални држави и национални економии.

Национални економии како модел во една држава или регион, а не како економија на еден народ. Се смета дека така ќе се подигне конкурентноста на несигурниот светски пазар.

Секако ние не сме во состојба технолошки да го држиме чекорот. Но, ние можеме ментално да се подготвиме за новото време. Ќе разбереме ли дека ако некој експерт е од нашиот национ не значи дека е постручен или поморален од другиот од друг национ. Напротив секогаш кога интелектуалецот бара да се вклопи во рамките на својот национ тој ја губи можноста да го менува просекот и да придонесе кон развојот на истиот тој национ од кој потекнува.

Има ли поголемо поле за натпревар почитувани доктори на науки кои сега сте на број од седум илјади да ги докажете своите дисертации во нови технолошки и организациски модели за вкупен раст на економијата. Инаку ќе останете во историјата само како бројки во едно време на сеопшта инфлација на вредностите. Ако тектонски се менува разбирањето на економијата и акцентот веќе не е на услугите (од било кој вид), колку се релевантни експертизите за досегашните модели на менаџмент и маркетинг?

Мора да се разбудиме од сонот за да разбереме дека мајстор од било кој калибар треба да е почитуван повеќе од било кој чиновник и мора да е платен неговиот труд повеќе од корисниците на буџетот.

Деновиве секој втор текст е со анализа на тајната на победата на Трамп. Ако ги знаеме таквите тајни и логични следствија на општествените процесите во Америка, зошто тогаш барем еден процес негативен за нас како држава не го превениравме, а камоли да го спречивме? Ќе речете дека гласот на паметните е слаб од викот на масите. Можеби е така, ама мене ми изгледа дека интелектуалците викаат во дупка каде само тие си се слушаат. Или се плашат да не ги праша некој како го стекнале „знаењето“, а се плашат да имаат мислење кое може да покаже текстура како ементалер сирење.

Како и да е либерализмот како можност да го изнесеш своето мислење и за тоа да не си репресиран е во опасност пред потребите на ефикасност која нема за цел општ раст и подобар живот, туку стабилократија и авторитативност од една страна и влијание на незадоволна маса распослана на социјалните мрежи која го бара својот месија. Бидејќи незадоволството е константа ќе бидеме сведоци на дигање на месии и нивно брзо рушење. Тоа ќе трае сѐ додека не се искристализира слој на нови либерали кои ќе ги смират брановите на социјалните движења, а дотогаш ќе поминат многу генерации.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

БДП Влада Војо Маневски доктор на науки економија технолошки развој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.