Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако се распушти задутре,Собранието ќе може да заседава само во вонредна состојба

0
By Нова ТВ on February 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 22, 2016 13:56

Пратениците во Собранието на Република Македонија имаат рок од уште два дена да побараат да се промени веќе донесената одлука на Парламентот со одложено дејство тој да се распушти на 24. февруари, односно задутре.

Формално Парламентот е распуштен по експресно донесената одлука на 18. јануари во отсуство на СДСМ и според тoa, одлуката со одложено дејство треба да стапи во сила на 24. февруари, односно 60 дена пред избори.

Ова може да се смени ако таква точка на дневен ред предложат 20 пратеници и за промена на одлуката гласаат 62 пратеника.

Според пратеникот Павле Трајанов, ако 20 пратеника побараат иста точка на дневен ред со барање за промена на датумот на распуштање на Парламентот, таква седница може да се свика веднаш, но засега никој од пратениците не побарал такво нешто.

– Практично ако 20 пратеника побараат иста точка на дневен ред Собранието може да заседава веднаш. Во спротивно, Парламентот ќе се распушти за два дена и понатаму нема да може да заседава, освен ако не се прогласи вонредна или воена ситуација.

Првобитната одлука за самораспуштање на Парламентот не е донесена во согласност со сите политички партии и затоа лидерите на политичките партии – потписнички на Договорот од Пржино треба да седнат и да го усогласат датумот. Ако веќе има оценка дека нема услов за избори тоа е доволна причина да се води сметка што понатаму, вели Трајанов.


Павле Трајанов, пратеник и претседател на партијата Демократски сојуз

Трајанов поднесе и Иницијатива ваквата одлуката за распуштање на Парламентот да ја разгледа Уставниот суд, бидејќи според него, кога Собранието гласа распуштање се распушта веднаш, а одложеното дејство на одлуката според него е преседан. Сепак, Уставниот суд се прогласи за ненадлежен во однос на ова прашање.

На два дена пред распуштање на Парламентот хаотична е состојбата со прочистувањето на Избирачкиот список – еден од условите за организирање фер и демократски избори.

Измените во Изборниот законик прецизираат дека од денот на распишување на избори (што доколку нема промена би важело од задутре), Државната изборна комисија најдоцна до 10 дена Избирачкиот список го става на јавен увид во своите подрачни одделенија и месните канцеларии, односно би требало списокот да биде прочистен и јавен заклучно со 5 март. Јавниот увид трае 15 дена по што Избирачкиот список се заклучува и се носи на печатење.

Бојан Маричиќ од Македонскиот Центар за европско образование вели дека пробиени се сите рокови, службите на Државната изборна комисија не се ниту целосно екипирани и потребно е најмалку уште еден месец плус за да се подготви Избирачкиот список.

-Првата фаза на прочистување на Избирачкиот список требаше да започне на 12 декември, а се доцнеше повеќе од 60 дена со процедурата, досега требаше да се формираат правните и информатичките служби на ДИК, а дури вчера заврши конкурсот, а потребни им се уште 20-30 вработени и за вкрстување на податоците. ДИК уште се нема изјаснето колку време ќе треба за теренска проверка, а груба проценка беше дека ќе бидат потребни 85 до 90 дена. Откако ќе се заврши со целосната проверка, потребно е Избирачкиот список да се стави на јавен увид, така што математички потребни се плус 30 до 40 дена за завршување на сите обврски, вели Маричиќ за НОВА.


Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование

Според Изборниот законик, Актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржувањето на изборите. Потоа се доставува до Државната изборна комисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда и се објавува во „Службен весник на Република Македонија”.

Ако Парламентот се распушти задутре, тоа би значело дека изборите ќе треба да се одржат на 24. април. Дали партиите повторно ќе седнат на преговарачка маса и ќе се смени нешто во последен момент засега е неизвесно.

Вчера ЕУ и САД во техничкиот премиер Емил Димитриев доставија оценка дека според нив нема услови за организирање на кредибилни избори на 24. април.

Од политичката „четворка“ засега отворено за избори на 24. април е само владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети не даде прецизен одговор, но појасни дека неговата партија не би се конфронтирала со меѓународната заедница. Нема прецизен став ниту од ДПА.

За СДСМ пак, неприфатливи се избори на 24. април, но Заев порача дека доколку тие се одржат на тој датум, опозицијата нема да ги гледа тие избори „на телевизија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.