Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако училиштата ги почитувале Правилниците епидемијата можела да се спречи

0
By Менче Атанасова Точи on May 17, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 17, 2019 16:12

Доколу се почитувале Правилниците и одлуките во нив од страна на училиштата и градинките епидемијата можела да се спречи.  Родителите на децата кои се запишувале во училиште или градинка и порано требало да достават потврда  дека се вакцинирани, но Правилниците не се почитувале од страна на овие установи, тврдат за НОВА, во Комитетот за имунизација и Центарот за јавно здравје.

Ваквото непочитување на законската регулатива од страна на институциите во голема мера допринесе да се зголеми бројот на невакцинирани деца, вели за НОВА, проф.др. Александра Гроздановска претседателка на Комитетот за имунизација.

„Морбилите се појавија токму заради тоа што се пропуштила оваа можност за вакцинирање“, вели Гроздановска, за НОВА.

И според Законот за заштита од заразни болести на населението, каде стои  дека вакцинацијата на децата е задолжителна , родителите кои не ги вакцинираат своите деца треба да добијат  прекршочни пријави и да платат казна од 300 до 500 евра, но и ова очигледно не се почитувало.

Неделава е регистриран рекорден број на заболени од мали сипаници. Во Институтот за јавно здравје пријавени се 134 нови случаи,  што е најголем број досега од појава на епидемијата.

Експертите се загрижени дали одлуката што пред неколку дена ја донесе Владата, според која ниту едно дете не може да се запише на училиште доколку не е вакцинирано, ќе може во целост да се реализира до септември кога првачињата треба да тргнат на училиште, односно дали ќе успеат сите да се вакцинираат.

За епидемиолозите пак, загрижува фактот што одзивот за вакцинација кај негователките во градинките е слаб, исто како и кај здравствените работници кои можат да бидат извор за зараза. Во Центарот за јавно здравје досега се вакцинирале околу 550 здравствени работници што е многу мал процент од вкупно вработените во здравството.

Според  епидемиологот Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје, интензитетот на епидемија на морбили во Скопје стивнува, но се зголемува во другите градови во внатрешноста.

„Се зголемува бројот на заболени во другите градови во внатрешноста. Во Скопје останаа уште 3000 деца кои не се вакцинирани , но во внатрешноста од вкупно 20 000 деца, вакцинирани се само 2000, што значи 18 000 останаа невакцинирани. Во ситуација кога 40 проценти не се вакцинирани  букнува епидемија“, вели за НОВА, др.Стојанов.

Според него, вирусот зајакнува, а може да се јави и див вирус што е многу опасно бидејќи и колективниот имунитет е намален. Епидемиолозите, велат дека во моментот пикот на заразата од морбили е на лицата над 30 годишна возраст. Епидемиолошката анализа покажала дека околу 70 проценти од заболените не биле вакцинирани. Во ситуација на епидемија на морбили мора да се почитуваат вонредните мерки за да се избегне понатамошното ширење на болеста, велат експертите.

Во државата досега со морбили се заразиле 1524 луѓе.  Четири деца починаа, а голем процент од заболените се со тешки компликации, како брохопнеумонија, дијареа и други потешки инфекции. Болеста се шири и во здравствените установи, во болниците и амбулантите. Има случаи на заразени деца кои биле хоспитализирани поради тешки онколошки заболувања.

На Клиниките за неврологија, неврохирургија, детска и инфективна заболеа лекари и медицински сестри.

Болеста се пренесува  низ воздухот, со кивање и кашлање(капковно), но и со допир преку предмети.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.