Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако успее маневарот на Путин во Украина, следни се балтичките земји

0
By Нова ТВ on March 4, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 4, 2014 15:26

Доколку ситуацијата излезе од контрола во Украина тоа може да значи и закана за безбедноста на земјите членки на ЕУ каде што има големо руско малцинство како што се балтичките земји, изјави за европскиот портал Еурактив украинската поп ѕвезда и активист во Украина Руслана Лизичко.

“Европа мора да разбере дека и таа е во опасност”, рече таа потсетувајќи на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека е загрижен за руското малцинство во земјите на ЕУ како балтичките.

“Сигурна сум”, рече таа на прес конференција во Брисел, “дека доколку Кремлин одлучи да го спроведе својот план за Украина, балтичките држави се следните и тие тоа го знаат. Се сретнавме со балтичките дипломати во ОБСЕ и тие ја потврдија оваа загриженост”.

За неа ситуацијата со руското малцинство во Украина е вештачки конфликт и изговор за инвазијата на Путин. Ова малцинство не е во опасност, смета таа и потсети дека во многу градови на истокот на земјата, Каркив, Одеса и Донецк исто така протестираат против Путин и неговото вмешување во Украина.

Украинската криза не треба да се споредува со косовската, рече на истата прес конференција претседателот на Европскиот економски и социјален комитет Хенри Малос. “На Косово имаше граанска војна и имаше масакри од страна на српската армија. Овде нема масакри врз рускофони во Крим”, рече тој. За него руското влегување на Крим е “аншлус”, зборот кој се користи за нацистичкото анексирање на Австрија во 1938 година. “Русија ги користи истите аргументи како и Германците во 1938 година кога ја освоија Чехословачка: заштита на германофонското население од агресијата кои самите ја провоцираа”, рече тој.

Според по ѕвездата про-европските активисти во Украина немаат средства да се борат против прогандата на Кремлин и затоа им е потребна помошта на европските новинари.

Еурактив пренесува исто така критики на адреса на ЕУ од страна на Лизичко и Малос. Според нив Европската комисија (ЕК) не го применила Источното партнерство наменето за Украина и лошо ги менаџирала односите со оваа земја. Малос смета дека ЕУ не и дала перспектива за членство на Украина.
“Давајќи впечаток дека доаѓањето поблиску до ЕУ ја исклучува можноста за царинска унија со Русија, дадовме изговор кој Русија го инструментализираше. Згрешивме и бевме несмасни”, рече тој.

Да потсетиме дека ЕУ сака да ја вклучи земјата во своето “Источно партнерство”. Ова партнерство на слободна размена и договор за асоцијација е наменето за повеќе од поранешните советски републики како Белорусија, Грузија, Азербејџан или Молдавија. Но ЕУ не и ветува на Украина влез во клубот. Но од другата страна Русија сака да ја вклучи Украина во својата царинска унија, нешто што наликува на евро-азиска унија во која би влегле повеќе републики на поранешниот СССР. Русија предлага финансиска помош и намалување на цената на гасот.

Лизичко и Малос испратија повик до меѓународната заедница да се обезбеди дека ќе биде почитуван договорот, потпишан во 1994 година. Овој договор потпишан на Будимпешта ја натера Украина да се откаже од својот нуклеарен арсенал за замена на територијалниот интегритет. Повикот на Руслана беше упатен пред се до Германија и Ангела Меркел: “таа е украински ангел чувар. Таа е вистински производител на мир и прави се за да ја спречи Русија да користи насилство. Ние имаме голем респект за неа”, рече таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.