Атина: Поради високите температури најавени за денеска, во периодот од 13 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за туристи.
Од Археолошката управа во Атина утрово соопштија дека Акропол на четири часа ќе биде затворен за безбедноста на вработените и посетителите.
Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени.