Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активирани мерки против поплави- најкритично во северозападниот регион

0
By Нова ТВ on March 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институциите одговорни за превенција и справување со поплави од денеска треба да спроведат мерки за заштита од поплави, откако Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи на вчерашната седница констатира дека ситуацијата е најкритична во северозападниот регион на Република Македонија, но и во Пелагониската котлина, како и во градот Скопје, каде има излевање во Зелениково и кај зградата на Фондот на ПИОМ.

Значително се зголемени водостоите на реките Вардар, Црна, Треска, Сатеска, Радика, како и на реката Пчиња. Поплавувања се регистрирани во горните текови на Вардар, Црна и реката Треска и нивните помали притоки.

Во општината Јегуновце е поплавена поголема површина земјоделско земјиште. Но ако и натаму се зголемува нивото на реката Вардар, институциите констатираа дека и дел од куќите може да бидат поплавени. Исто така, во гостиварското село Форино, вчера биле поплавени дел од куќите и подрумските простории. Регистрирано е и клизиште на патот кај тетовското село Ново Село. Дел од подрумските простории во пониските делови на градот Струга биле поплавени во текот на денот, поради високото ниво на подземни води. Исто така, поплавено е и обработливо земјоделско земјиште поради излевање на реката Црн Дрим.

Во Кичево веќе е интервенирано во дел од градот, по течението на реката Зајашка. Поставен е одбранбен насип со вреќи со песок и механизација. Има и помали излевања на реката Вардар во Скопско. Со оглед на ситуацијата, овие состојби може да се променат во рок од неколку часа.

 Имајќи ги предвид најавите на Управата за хидрометеоролошки работи за нови врнежи од дожд во следните 24 часа, Управувачкиот комитет за справување со кризи на  седница донесе неколку заклучоци:

-Согласно заклучоците на Упаравувачкиот комитет  Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, АД Водостопанство на Република Македонија и Заедницата на единиците на локалната самоуправа, треба да одржат координативни состаноци со сите надлежни институции под нивна надлежност, со цел правење детален акциски план со работни активности по институции, согласно расположливите ресурси од институциите, во насока на превентивно делување за спречување на поплавите.

-Се препорачува на овие координативни состаноци да се стави акцент на состојбата со речните канали на територијата на Република Македонија, посебно на подрачјата на погодените општини и доколку е потребно, да се преземат активности за итно чистење на каналите.

-Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со општините од Полошкиот, Пелагонискиот и Скопскиот регион и регионалниот штаб за управување со кризи, треба веднаш да преземат активности за санација и расчистување на теренот каде е потребно.

-Дирекцијата за заштита и спасување, исто така, веднаш треба да ги стави во функција сите водни пумпи со кои располага, со цел нивно користење и справување со настанатата ситуација на територија на општините од Полошкиот, Пелагонискиот и Скопскиот регион.

-Дирекцијата за заштита и спасување, до утре, до Управувачкиот комитет треба да достави преглед за тоа со колкав број водни пумпи располага, каде во моментов се наоѓаат истите, во каква состојба се и колку лица можат да управуваат со нив.

-Дирекцијата за заштита и спасување согласно склучените договори за ангажирање градежна механизација од приватни фирми, доколку оцени дека е потребно, да ја ангажира оваа механизација, согласно потребите и приоритетите на погодените општини.

-Доколку институциите утврдат дека има потреба за ангажирање на силите на Армијата на Република Македонија, навремено да ги достават неопходните информации до АРМ, а Армијата да биде подготвена да одговори на барањата.

-Општините во Република Македонија, согласно заклучоците, а посебно во Полошкиот, Пелагонискиот и Скопскиот регион веднаш треба да отпочнат со активностите за проценка на штетите од поплавите, преку формирање општински комисии за утврдување на настанатата штета, согласно постојните законски прописи.

-АД Водостопанство на Република Македонија, уште вечерва, треба да подготви и до Управувачкиот комитет да достави план на критични точки и во текот на утрешниот ден да излезат на терен и да ја санираат состојбата.

активности мерки поплави Управувачки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.