Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни 2.932 случаи со Ковид-19, „Мој термин“ се враќа во функција

0
By Нова ТВ on August 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење на заштитна маска и за држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува, иако здравствените власти постојано апелираат за почитување на мерки за заштита.

Од направените 912 тестирања, вчера беа регистрирани 103 новозаболени лица со Ковид-19, оздравеле 187, а три лица починаа. Досега во земјава се направени вкупно 127.196 тестирања. Од почетокот на епидемијата се евидентирани 12.840 позитивни на Ковид-19, излекувани се вкупно 9.361 лице, а бројката на починати е 547. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 2.932.
Најмногу активни случаи се бележат во Скопје – 953, во Куманово – 298, во Гостивар – 289, во Штип – 260, во Струга – 167, во Тетово – 151, во Кичево – 126, во Кавадарци – 103, во Битола – 74, во Дебар – 67, во Охрид – 66, во Свети Николе – 61, во Македонски Брод – 45, во Прилеп – 40, во Демир Хисар – 37, во Виница – 36, во Кочани – 29, во Велес – 27, во Струмица – 23, во Пробиштип – 17, во Гевгелија – 13, во Неготино – 12, во Радовиш – 10, во Ресен – 7, во Берово – 6, во Крива Паланка – 5, во Делчево – 5, во Пехчево – 2, во Валандово, во Кратово и во Крушево има по еден активен случај. На болничко лекување во моментов се 371 пациент од кои тројца на респираторна машина.
Во меѓувреме, по неколкумесечен прекин поради коронакризата, повторно се става во функцијата електронскиот систем „Мој термин“. Министерството за здравство соопшти дека преку „Мој термин“ веќе може да се закажуваат прегледи и интервенции во септември.

„Согласно изготвениот план за работа, а во соработка со Управата за електронско здравство, ќе бидат повикувани пациентите чии прегледи беа откажани изминатиот период. Исто така, сите елективни хируршки програми, кои беа претходно одложени поради состојбата со пандемијата од Ковид-19, ќе бидат реализирани согласно изготвените планови и протоколи на стручните колегиуми“, информираат од Министерството.

Закажаните прегледи ќе се спроведуваат согласно претходно подготвениот план и протокол за работа на установата, со задолжително користење лична заштитна опрема од вработениот персонал на сите нивоа на здравствена заштита, почитување на физичка дистанца и негрупирање.

„Воедно ќе се врши и задолжителна редовна контрола над примената на превентивните мерки и донесените протоколи за работа од назначеното одговорно лице за контрола на Ковид-19 и Комисијата за заштита од интрахоспитални инфекции, со цел да се спречи можната трансмисија на инфекцијата со вирусот. Во здравствената установа ќе биде дозволен влез на лица со специјалистички и супспецијалистички упат 15 минути пред закажаниот термин за преглед, при што ќе биде дозволен влез само на уште еден придружник. Задолжително е носењето заштитна маска на пациентот и придружникот при влез во здравствената установа на закажан преглед или прием на болничко лекување“, посочуваат од Министерството за здравство.

Сите јавни здравствени установи се задолжени да постават дезинфициенси за раце при влезот во установата и тие да бидат поставени на видно место со јасни насоки за пациентите, а одговорно лице од установата е задолжено да спроведува термален скрининг, епидемиолошка проценка и контрола на носењето лична заштитна маска на пациентите, како и одржување физичка дистанца во чекалните на амбулантите за преглед, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Активни случаи Ковид-19 Мој термин Починати Регистрирани случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.