НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Актуелната влада си ги припиша заслугите за ГРЕКО иако доспровела една од 23 препораки

0
By Zoran Ivanov on July 15, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголем дел од исполнетите препораки веќе биле оценети за исполнети во извештајот во 2023 година. Тоа што е сработено меѓу крајот на 2022 г., кога претходната влада го испратила последниот извештај, и крајот на 2024 г., кога сегашната влада испратила податоци за извештајот од 2025 година, е што четири препораки од делумно исполнети станале исполнети. Едната неисполнета станала делумно исполнета. ГРЕКО го затвора петтиот евалуационен циклус за земјава, разбирливо, за континуираните напори.

Александар Димитриевски 

Останатите 16 препораки кои ГРЕКО (Група на држави против корупцијата) ги смета за спроведени го стекнале тој статус поради чекори започнати или завршени во време на претходните влади. Во некои случаи не станува збор за работа што ја врши извршната туку другите власти или независни тела и институции. Тоа лесно може да се заклучи ако се прочита извештајот на ГРЕКО, достапен на македонски и на англиски јазик

Тоа, сепак, не беше пречка премиерот Христијан Мицкоски, меѓу другото, да каже: „Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција… И затоа, една од првите и најрешителни борби што ја започнавме беше токму борбата против високата корупција. Во таа борба, денес имаме и прва поголема потврда од меѓународната заедница”

По години на институционален мрак, извештајот на ГРЕКО објавен вчера е сигнал дека Македонија се движи напред, кон систем што функционира. Оваа констатација е на првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски. Ја кажа денеска на седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.

На изјавата, освен објавувањето на споменатиот извештај, вчера и претходеа и текстови во дел од медиумите со наслови од типот „Македонија доби заслужена петка од ГРЕКО“. Ние го прочитавме извештајот на ГРЕКО за да дознаеме дали навистина сме добиле петка и кој е заслужен за оценката, каква и да е.

Што е ГРЕКО и за какви извештаи станува збор

ГРЕКО, за тие што не им е познато, е кратенка од Група на држави против корупцијата. Основана е во 1999 од Советот на Европа, со цел да се следи усогласеноста на државите со стандардите за борба против корупцијата на организацијата.

ГРЕКО, прво, прави евалуација на државата, па изготвува препораки врз основа на нотираните слабости и потоа го следи исполнувањето на препораките преку извештаи. Македонија, во март 2019, го доби својот Петти циклус од евалуацискиот извештај. На крајот на 2020 година Скопје испраќа што сработело, врз чија основа е изработен Прв извештај за усогласеност по петтиот циклус, во март 2021 година. Потоа, на крајот на 2022 година Македонија испраќа нов извештај за прогресот, кој пак е основа за Втор извештај за усогласеност усвоен од ГРЕКО во јуни 2023 година. На 16 септември 2024 година (три месеци по доаѓањето на Владата на Христијан Мицкоски) земјава испраќа нова информација за сработеното по забелешките, по што е изготвен извештајот на кој се реферира сега премиерот – Додаток на вториот извештај за усогласеност.

Низ бројки

На самиот почеток на последниот извештај е наведена хронологијата што ја прочитавте погоре. А потоа се вели дека во петтиот циклус земјава добила задача да исполни вкупно 23 препораки. Кога бил правен Вториот извештај за усогласеност во 2023 година, земјава имала:

  • 13 исполнети препораки;
  • 9 делумно исполнети препораки;
  • 1 неисполнета препорака.

Актуелната состојба во Додатокот на вториот извештај, напишан согласно известувањето од Владата од септември 2024 г. е:

  • 17 исполнети препораки;
  • 6 делумно исполнети препораки.

Тоа значи дека најголем дел од исполнетите препораки веќе биле оценети за исполнети во извештајот во 2023 година. Тоа што е сработено меѓу крајот на 2022 г., кога претходната влада го испратила последниот извештај, и крајот на 2024 г., кога сегашната влада испратила податоци за извештајот од 2025 година, е што четири препораки од делумно исполнети станале исполнети. Едната неисполнета станала делумно исполнета. ГРЕКО го затвора петтиот евалуационен циклус за земјава, разбирливо, за континуираните напори.

Факсимил од Додатокот на вториот извештај за усогласеност на ГРЕКО

Да, има пофални зборови што земјата и нејзините институци завршиле поголем дел од работата притоа не издојувајќи одреден политичар или влада. Но, има и препораки што треба да се работи во иднина. Како на пример:

„Во однос на агенциите за спроведување на законот (полицијата), исто така може да се забележи напредок. Беа спроведени активности за имплементација во насока на зајакнување на оперативната независност на полицијата, вклучително и преку инспекциска активност и обука на службениците за новите одредби и забрани. Обезбедени се дополнителни докази во однос на функционирањето на механизмите за внатрешен и надворешен надзор на полицијата. Во оваа насока, може да се направат повеќе напори во однос на објективноста и транспарентноста на периодичните проценки, како и практичната примена на законодавството за заштита на укажувачите”,

пишува во точка 67 од Додатокот на вториот изештај за усогласеност.

„Туѓи перја”

Настрана од заклучоците, најголемиот дел од извештајот е детална разработка на секоја препорака поединечно што земјава ја имала само делумно исполнето или ја немала исполнето. Од текстот во тие разработки може да се заклучи дека четирите препораки кои биле делумно спроведени според извештајот во 2023 г., а сега се целосно спроведени се:

  • Препорака 4;
  • Препорака 10;
  • Препорака 20;
  • Препорака 21.

Препораката со број 4 се однесува на Деловникот на Владата. Тука е јасна заслугата на актуелната гарнитура дека ги направила соодветните измени за да се задоволи барањето – имињата и функциите на сите присутни на владините седници, поткомитети и работни групи, вклучувајќи ги и третите лица, да бидат јавно достапни на интернет. Јасно е наведено дека Деловникот е изменет на 17 декември 2024 година, информација која дополнително ја испратиле од Владата.

Препораката број 10 се однесува на зголемување на оперативната независност на полицијата во однос на Министерството за внатрешни работи. Ова е исполнето со законски измени од 19 април 2023 година, со што полицијата ги добива оперативните наредби од директорот на Бирото за јавна безбедност, а не од министерот, како и дека се спроведени други активности за спречување на политизација на полицијата.

Напредокот по препораката со број 20 се однесува на обезбедување автономија и независност на внатрешната контрола во полицијата. Тоа делумно е постигнато со веќе споменатите законски измени во април 2023 г., делумно со физичкото преместување на внатрешната контрола во простории надвор од МВР. Речиси сите опишани чекори се препознава дека се направени во времето на претходните влади.

Препораката 21, пак, предвидува зголемување на нивото на транспарентност на механизмите за надворешен надзор над полицијата, како што се Народниот правобранител, Собранието и Јавното обвинителство. ГРЕКО забележува дека во периодот 2020-2024 г. комисиите при парламентот направиле неколку надзорни и работни посети, а на интернет се достапни и годишните извештаи на собраниските тела за надзор над комуникациите. Препознаено е дека и Народниот правобранител и Обвинителството произведуваат извештаи за нивниот надзор над полицијата.

Или, со други зборови, од вкупно 17 спроведени препораки, 16 се завршени во периодот од 2020 година до смената на власта во јуни 2024 г. Само за една исполнета препорака изрично се вели дека ја исполнила актуелната влада.

Пред да дојдеме ние…

Сепак, премиерот Христијан Мицкоски го опиша извештајот на ГРЕКО како „институционална пресвртница“ и како заслуга на Владата што ја предводи.

„Со затворањето на постапките за усогласување, Групата на држави против корупција на Советот на Европа испрати јасна порака – дека постојат видливи резултати, конкретни подобрувања и силна политичка волја за прекин со старите практики. Ова не е само административно признание – ова е институционална пресвртница”,

изјави Христијан Мицкоски, премиер

Дека јасно ги припиша заслугите на Владата што ја предводи, иако извештаите покажуваат дека за напредокот работеле не само претходните влади туки и бројни други институции, подобро служи следниот цитат.

„Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција. Корупцијата не беше појава – беше правило, а правдата беше селективна. Владата беше сервис на моќни интереси, а не на граѓаните. Тоа беше сликата која ја наследивме. И затоа, една од првите и најрешителни борби што ја започнавме беше токму борбата против високата корупција. Во таа борба, денес имаме и прва поголема потврда од меѓународната заедница. По години на институционален мрак, извештајот на ГРЕКО објавен вчера е сигнал дека Македонија се движи напред, кон систем што функционира”, а не мора, но ГРЕКО ја потсетува да извести ако постигне напредок за тие прашања. Меѓу другото, тоа се теми поврзани со имотната состојба на функционерите, регистар на подароци и заштитата на укажувачите. За ГРЕКО повеќе можеби не се пресудни. За државава, остануваат важни.
Текстот е сопственосст на 360.мк

360 анализа ГРЕКО Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.