Ал Каеда е поврзана со терористичка закана која го поттикна на Стејт департментот да ги насочи своите амбасади во клучните земји од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Египет и Израел, да се затворат во недела, со можност да останат затворени подолго, изјави американскиот Републиканец Ед Ројс, за емисијата на Си-Ен-ен „Нов ден”. “Од она што го разбрав е дека се работи за поврзаност на Ал Каеда и заканата извира од Блискиот Исток и во Централна Азија.”
Претставник на САД кој не е овластен да зборува јавно за ова прашање заканата ја квалификуваше како “веродостојна и сериозна.”
Во муслиманскиот свет, недела е работен ден. Во други делови на светот американските дипломатски канцеларии се затворени во недела.
Минатата година на 11 септември, американскиот конзулат во Бенгази, Либија, беше нападнат, оставајќи четворица Американци мртви.
Останатите амбасади рутински претставуваат цели на демонстранти.
“Ние им наложивме на сите американски амбасади и конзулати кои ќе бидат нормално отворени во неделата да ги суспендираат операции, посебно на 4 август”, изјави висок претставник на Стејт департментот за ББЦ.
“Можно е да имаме дополнителни денови исто така со затворени амбасади, исто така.”
Официјален претставник изјави дека Стејт департментот “бил известени за информации” кои доведуваат до овие “заштитни мерки … од голема претпазливост”.
Си-Би-Ес Вести објавија дека меѓу оние кои се погодени од затворањето ќе бидат амбасадите или конзулатите во Бахреин, Израел, Јордан, Кувајт, Либија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Јемен, Авганистан и Бангладеш.
Минатата година, напад врз објект во Бенгази доведе до смрт на американскиот амбасадор Кристофер Стивенс, како и три други членови на персоналот на американскиот конзулат.