Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог.
По кусиот настап, порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани имињата на овие договори.
Против пејачот во тек е постапка во која тој е осомничен за палење на влезната врата на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.