Новиот министер за култура Роберт Алаѓозовски во интервју за ТВ24 истакна дека ќе направат ревизија на проектот Скопје 2014, кој веќе неколку години е мета на негативни реакции од јавноста.
„Во буџетот нема пари за било каква интервенција за „Скопје 2014“. Ние ќе ги преиспитаме и повторно ќе ги ставиме на увид на јавноста штетите од тој проект. Ќе им покажеме на граѓаните дека тоа е стиропор и фушерај, а не е мермер. Можам да кажам дека само Музејот на ВМРО троши 6 ипол милиони денари за струја“, изјави Алаѓозовски.