Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аламанов: Ајде да видиме колку долго ќе трае оваа психопатија

0
By Zoran Ivanov on February 3, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 3, 2025 17:52

Да се надеваме дека луѓето нема пак да пијат „варикина“ како што тој истиот им го кажа тоа пред 4 години.

Љубомир Аламанов

Животниот циклус на диктаторите психопати е секогаш ист:

  1. Ветуваат лесни решенија за комплексни проблеми со цел само да бидат избрани;
  2. И луѓето ги избираат затоа што им веруваат на лагите;
  3. Започнуваат со брзи чекори без да обрнуваат внимание на правила, процедури, закони и устави;
  4. Потоа, по многу кус период, по „медениот месец“, системите еден по еден почнуваат да пропаѓаат;
  5. Диктаторите психопати почнуваат да се закануваат со насилство спрема сите кои што не ги почитуваат;
  6. Финалето е фијаско – секогаш е на штета на обичните луѓе.

Во случајот со портокаловиот психопат, „медениот месец“ траеше десет дена.

Само неколку примери:

– Многу негови извршни наредби веќе се процесуирани на суд, а неколку се оспорени како неуставни;

– успеа да се кара со земјите партнери;

– пропадна берзите;

– Неговите најблиски трговски партнери ќе му објават трговската војна;

– Се обиде да ги запре социјалните програми кои им помагаат на загрозените луѓе во многу земји.

И, што е најважно, можеби ќе успее да го обедини целиот свет против својата земја.

Трамп стана претседател благодареќи на пропагандата кога му беше забрането да се искажува на социјалните мрежи. Сега Маск ги отстранува профилите од „Х“ кои не се согласуваат со него и со Трамп.

Во првите денови од нивното управување, диктаторите психопати може да остават впечаток дека се ефикасни. Но, бидејќи се психопати, тие именуваат психопати околу себе и така целиот систем го прават психопат – без правила, без закони, станува предмет само на идеите на психопатот. И ова не може да трае долго. Таквите системи порано или подоцна пропаѓаат.

Ајде да видиме колку долго ќе трае оваа психопатија. И да се надеваме дека луѓето нема пак да пијат „варикина“ како што тој истиот им го кажа тоа пред 4 години.

И, ако има нешто позитивно, тоа е дека Европа навистина мора да се разбуди, да се промени, да се прилагоди, затоа што заостанува зад многу теми.

Мирен ден!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

аламанов тѕрамп психопатија диктатори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.