Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аларамантно: Училишните клупи ги искривија рбетите на децата

0
By Менче Атанасова Точи on June 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 25, 2013 11:50


Дури 60 проценти од младите имаат некаков деформитет на рбетниот столб, а 80 проценти имаат проблем со стапалата. Најголема причина за ова се училишните клупи останале исти и за првачињата и за осмооделенците предупредуваат лекарите.

Министерството за образование не се интересира за решавање на проблемот иако во повеќе наврати е укажувано дека тоа е еден од начините за превенција за да се застане на патот на оваа алармантна состојба во Македонија велат лекарите.

-Повеќе пати сме укажувале на овој проблем. Училишните клупи не се прилагодени на возраста на децата и во нив седат неправилно. Освен тоа тука е и современиот начин на живот, долгото седење пред комјутер, тешките училишни ранци. Без разлика за каков деформитет и да се работи, проблемот со кој ќе се соочуваат понатаму во животот овие деца е навистина многу сериозен изјави доктор Велика Лабачевска од Заводот за рехабилитација во Козле.

Во едно друго истражување кое било направено од болницата Ремедика се покажало дека 55 проценти од родителите не ги однеле своите деца на ортопед бидејќи не се информирани за оваа загрижувачка појава. Истражувањето кое било спроведено во седум основни училишта во скопската населба Аеродром, ги потврдило истите податоци добиени од општина Ценатар.

-Постои мала информираност за сколиозата, како настанува, како да се спречи, кои се последиците. Станува збор за сериозно заболување кое се појавува потајно, многу често децата и покрај започнатиот процес на искривување на ‘рбетниот столб сепак имаат исправен став а другите симптоми сè уште не се забележливи до тој степен изјави д-р Иванка Стефановска, шеф на одделението за ортопедија во оваа болница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.