Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија и Косово исто така зафатени од пад на населението

0
By Нова ТВ on August 12, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанија и Косово, но и другите земји на Балканот се погодени од феноменот на намалување на населението. Како последица не е само емиграцијата туку и намалувањето бројот на новороденчиња.

Според една студија на Оупен Дата Албанија (Open Data Albania), намалувањето на бројот на новороденчиња се должи на политиките за социјална поддршка што секоја држава ги
обезбедува за мајките, објавува Lajmi.net.

Во таа насока, Косово и Албанија имаат многу недостатоци бидејќи не ги поддржуваат вработените мајки во однос на безбедноста на работата и породилното отсуство. Аранита
Брахај, извршен директор на Open Data Albania вели дека албанските жени имаат многу мали придобивки од породилното отсуство, поврзани со периодот дозволен за отсуство и висината на платата.

Згора на тоа, работодавачите ги „дискриминираат“ жените со деца, бидејќи тие не сакаат да
ги вработат мислејќи дека трошоците се поголеми, се намалува продуктивноста а со тоа и
висината на приходите за компанијата.

„Албанија и Косово се во полоша позиција од останатите земји како што се Македонија, Црна Гора или Хрватска кои во текот на породилното отсуство исплаќаат 100% од висината на платата а пак во Србија се исплаќа 106% од висината на платата. Во Албанија се исплаќаат 65% а пак во Косово уште помалку, односно 63%. Во Косово платата ја обезбедуваат работодавачот и државата, при што работодавачот исплаќа поголем процент од платата.

Косово е уникатна држава во овој поглед, бидејќи овој начин на исплаќање на платите во текот на породилното отсуство е карактеристичен за моќните економски држави како што се Германија и Велика Британија. Ова законско решение создава проблеми, бидејќи работодавачите кои се уште не се консолидирани, не можат да ги издржат високите трошоци за одржување на работен однос на родилките и ќе настојуваат да вработуваат млади жени што не се во брачен однос или мажи“, вели Аранита Брахај.

Според Open Data Albania законското решение што е пропишано со Законот за работни односи на Косово, е неквалитетен бидејќи не обезбедува никаква сигурност за работното место за жените кои што се принудени да раѓаат помалку деца а тоа резултира со намалувањето на бројот на населението.

„Малите балкански држави, како што се Албанија, Косово, Босна или Црна Гора се држави кои изминатите години се погодени од намалувањето на населението. Треба да се има во предвид дека нашите држави, Албанија или Косово се погодени и од емиграцијата, значи еден дел од населението заминало од матичните држави и емигрирале во други држави. Во изминатите години од Албанија емигрирало околу 30% од населението, и наместо да сме околу 4 милиони, според последниот попис во Албанија има помалку од 3 милиони, односно 2.8 милиони. Истото е забележано и во Република Косово“, изјави Аранита Брахај.

Според разни демографски студии може да се заклучи дека во минатото младите парови
раѓале повеќе од две деца, денес тие раѓаат едно или најмногу две деца.

Економските услови и стилот на живот, според социолозите се клучна причина зошто има
намалување на бројот на новороденчиња.

Сепак, Open Data Albania, со својата студија се обидува да ја пренесе пораката дека владите
треба да ги следат политиките на стимулирање а не на дискриминација на жените, како што
е примерот во Србија која што на жените им исплаќа плата од 106% од висината на платата.

Според официјалните статистики, во Албанија живеат 2.8 милиони луѓе а во Косово 1.739
милиони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.