Демократската партија на Албанија денеска избира нов лидер на партијата по поразот на парламетентарни избори одржани во јуни и оставката на лидерот Сали Бериша.
Над 100 илјади членови на оваа десничарска партија која во Албанија беше на власт цели осум години, гласаат за кандидатите за претседател на Демократската партија – Лулзим Баша актуелен градоначалник на Тирана и министерот за Транспорт и врски Сокол Олдаши.
Гласањето ќе се спроведе во текот на целиот ден во 57 гласачки места во целата држава.
Во изборната кампања и Баша и Олгаши даваа целосна подршка на досегашната политика на лидерот на десницата Сали Бериша и најавија брзо враќање на демократите на власт.
Баша изрази убедување дека многу скоро левицата повторно ќе се врати во опозиција, додека пак кандидатот Олдаши покрај другото најави и зајакнување на партиската инфраструктура ако тој дојде на власт.
Анкетите голема предност му даваат на Лулзим Баша кој инаку во текот на осумте години додека беше на власт Сали Бериша, беше негов најблизок соработник и помина низ повеќе министерски позиции – а на крајот успеа да го собори лидерот на левицата Еди Рама од функцијата градоначалник на Тирана.

