Премиерот на Албанија, Еди Рама ги објави резултатите од Извештајот за верификација на критериумите за законитоста на институциите за високо јавно и приватно образование во Албанија.
Според овој извештај, постојат многу универзитети што не ги исполнуваат критериумите и за секој од нив ќе бидат превземени соодветни мерки. Поради тоа, Министерството за образование на Албанија предлага на Советот на министри да затвори или да суспендира неколу јавни и приватни универзитети кои не ги исполнуваат критериумите.
Но парадокс е фактот што во токму еден од приватните универзитети, односно во „Albanian University“ во јули 2010-та дипломирала министерката за образование Линдита Никола, која што магистрирала на јавна администрација, отсек извршна власт.
Сите овие податоци се објавени во официјалната страна на Министерството за образование, што ја опфаќа и наставната програма на министерката Никола.
„Г-ѓа Никола, во август 2010 магистрирала на јавна администрација, отсек извршна власт при AlbanianUniversity а во 1989 година дипломирала на Факултетот за природни науки, катедра математика, при Универзитетот на Тирана“, се вели меѓу друго.