Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанската полиција извршува претрес во кампот на муџахедините кај Драч

0
By Ана Василевска on June 20, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанската државна полиција денеска соопшти дека започнала оперативна контрола во кампот на муџахедините „Ашраф“ во Манез, кај Драч, каде се сместени над три илјади лица.

Според соопштението на Државната полиција, контролата доаѓа во рамките на одлуката на Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал.

„Во спроведување на одлуката на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал и налогот за извршување на Обвинителството при овој суд, за контрола на сите простории и канцеларии во кои живеат лицата од хуманитарни цели, државната полиција во рамки на оперативен план, започна контрола на сите простории и канцеларии во кампот на МЕК, во Манез, Драч“, соопшти полицијата.

Додава дека во спроведување на контролните наредби издадени од Судот, Државната полиција презела мерки за нивно спроведување, со контролен план на просториите на територијата на кампот МЕК „строго применувајќи ја етиката и комуникацијата и почитувајќи ги основните права и слободи на сите граѓаните и заедницата што живее во овој камп“.

Детални информации околу акцијата полицијата најавува по завршува на истата.

Во меѓувреме медиумите, јавуваат дека дошло до судири меѓу полицајците и луѓето таму, кои се противеле и не дозволувале полицијата да врши контрола.

Пренесувајќи изјави на припадници на муџахедините, тие тврдат дека полицијата употребила солзавец и оти едно лице е убиено, но полициски извори демантираат дека има жртви при контролата во кампот.

Албанија Драч Камп на муџадехини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.