Група на Академици и интелектуалци Албанци, мотивирани од постизборната ситуација, се обраќаат со апел до политичките партии , меѓународната заедница и јавноста за како што велат, го дадат својот придонес кон рационални политички решенија, како во формирањето на идната Влада, така и во други случаи во интерес на земјата.
-Без сомнение овој апел треба да се сфати во вистинска смисла, непристрасно и принципиелно.Некои од нашите индивидуални ставови за неоправданоста што се предизвика од овие предвремени избори се познати. Сепак тие се случија и сега треба да се менаџира нивниот исход. Секој обид за пристрасно етикетирање на овој апел со одредени политички субјекти однапред е безпредметен, се вели во писмото од Албанските интелектуалци.
-Ја користиме можноста да ги повикаме сите политички субјекти, особено ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, да се однесуваат во согласност со добиениот мандат, како и на нашите меѓународни пријатели да го олеснат овој процес кон стабилизирање на демократијата и зајакнување на меѓусебната доверба, и така кревка во оваа мултиетничка држава.
Посебен апел упатуваме до НАТО и ЕУ, во овие одлучувачки моменти да не дозволуваат сето тоа што е изградено со години и со нивната посветеност и инвестиција, да се доведе во прашање. Оваа мултиетничка држава не смее да влезе во непредвидливи политички и безбедносни турбуленции, затоа има потреба за вашата поддршка, што поскоро да ги исполни условите за членство во овие организации, како стратешка ориентација за кој имаме граѓански и етнички консензус.
Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати одлуката на албанскиот народ со толкава сериозност колкава и за волјата на македонскиот народ, и да ги почитува барањата на албанскиот народ произлезени од овие избори преку победничката партија во албанскиот политички табор.
Бараме од ДУИ во ниеден случај да не ја погази волјата на 153.000 гласачи, кои ја поддржуваа неа и да не прифати инфериорна позиција во Владата, и пред сè да не ја презира оваа волја станувајќи инструмент на некоја македонска партија без оглед на притисоците, уцените и различните политички игри, кои можат да се играат со некоја друга партија, која ја нема волјата на албанскиот народ. Нема изговор што може да го оправда отстапувањето од ветувањата, се додека ја има толку силната поддршка од албанскиот народ. Не се прифатливи какви било оправдувања за отстапување од изборната програма и уште помалку оние од политичките уцени од кого било. Врз основа на принципите со кој е добиена поголемиот дел од политичката поддршка треба да остане консеквентна за учество во власта. Но, се разбира дека оваа доверба треба да се стави во функција на зајакнување на меѓусебната доверба на владините партнери ангажирајќи се и во намалување на тензиите меѓу Албанците кои се зголемија за време на изборната кампања.
Очекуваме ДПА да ги почитува 66.000 албански гласови и да има важна и конструктивна улога во политичките процеси во согласност со националните и државните интереси. Политичката синергија треба да биде во функција на нашите национални цели и на интересите на граѓаните. Албанските гласови така како што се добиени со одредени политички програми треба да ги зајакнат албанските позиции за кои сметаме дека се драстично релативизирани. Секое отстапување од оваа улога одредена од албанскиот гласач ќе се смета за уцена на процесот, кој несомнено ќе резултира на штета на Албанците.
-Ние долупотпишаните, сме убедени дека Република Македонија ќе забележи напредок и политичка стабилност, само ако се управува со програмите на партиите кои го добиваат мнозинството во двата политички табора; во македонскиот и албанскиот табор. Овој вид владеење ќе се зајакне доколку следната Влада остане цврсто на стратешкиот курс – полноправно членство во НАТО и ЕУ, се вели во писмото на Албанските интелектуалци.
.jpg)




