Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албански медиуми: Многу оружје во рацете на косовските граѓани; САД бараат да се одложи примената на исклучување на српскиот динар во Косово; Белери останува во затвор

0
By Ана Василевска on January 29, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според извештаите од косовската полиција, во рацете на граѓаните има премногу оружје. Имено, , во текот на 2023 година полицијата запленила 1.392 парчиња оружје и 37.215 парчиња муниција“, пишуваат косовските медиуми.

САД бараат да се одложи примената на новата регулатива со која се исклучува динарот како валута за трансакции во Косово, новата одлука на Централната Банка на Косово.

Ова се само дел од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Зери: Многу оружје во рацете на граѓаните, во текот на 2023 година полицијата запленила околу две илјади различни оружја и муниција

Бројот на нелегалното оружје во рацете на граѓаните во Република Косово и понатаму е висок. Овој факт секојдневно се одразува во полициските извештаи.

„Полицијата при оперативни и истражни дејствија секогаш кога има сознанија или наиде на недозволено оружје при истраги, го одзема и покренува кривично дело. Во текот на 2022 година полицијата запленила 1.473 парчиња оружје и 29.903 парчиња муниција. Во меѓувреме, во текот на 2023 година полицијата запленила 1.392 парчиња оружје и 37.215 парчиња муниција“, продолжува.

Опасноста од ова оружје се смета за многу висока. Според експертите за безбедност, повеќето од нив се нелегално оружје останато од минатата војна, пренесува Зери.

Газета Експрес: Ховение се сретна со гувернерот на ЦБК, бара од него да ја одложи примената на новата регулатива со која се исклучува динарот

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, соопшти дека денеска се сретнал со гувернерот на ЦБК, Ахмет Исмаили.

Ховениер рече дека побарал одложување на примената на новата регулатива со која се исклучува динарот како валута за трансакции во Косово, пренесува Газета Експрес.

Бота Сот: Во Хаг денеска продолжува судскиот процес против поранешните лидери на ОВК

Денеска во Специјализираните комори на Косово во Хаг ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово.

Специјализираните комори на Косово (ДХСК) во Хаг вчера им ја продолжи мерката притвор за два месеци на Реџеп Селим и Јакуп Красниќи, пренесе Бота Сот.

АЛБАНИЈА

РТШ: Апелацискиот суд го отфрли барањето на Фреди Белери да положи заклетва како градоначалник на општина Химара

Специјалниот апелациски суд го одби барањето на Фреди Белери да положи заклетва како градоначалник на Химара, пред советниците. Белери ја обжали првостепената одлука, која исто така го одби барањето за неговата заклетва, но Апелација го потврди истото решение.

Пред три дена, на 29 јануари, Апелација го одби барањето на Белери за промена на мерката за безбедност, оставајќи го во затвор, пренесе РТШ.

Топ Чанел: Договорот Албанија-Италија за имигрантите/ Опозицијата поднесе дополнителни документи, уште една седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска повторно заседава по прашањето за договорот меѓу Албанија и Италија за сместување на имигранти.

Седницата повторно ќе се одржи денеска, бидејќи опозицијата, која го обжали случајот, презентираше дополнителни документи, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Коха: Проблемот не е во условувањето на интеграцијата со дијалог, туку неправедноста на ЕУ во нејзините оценки

„Во право се во ЕУ кога велат дека за да не се условува интеграцискиот процес со дијалог, треба да се отстапи од главните принципи во процесот на проширување. Не е тоа проблемот.

Проблемот е недостатокот на непристрасност од страна на ЕУ во оценувањето на земјите од регионот. ЕУ е неправедна кон Косово и тоа е лесно да се докаже.“, пишува косовскиот автор Аугустин Палокај во колумната „ Проблемот не е во условувањето на интеграцијата со дијалог, туку неправедноста на ЕУ во нејзините оценки“, објавена во Коха.

Подгови: Д. Тахири

Извор: Цивил Медиа

Албанија Избор од албански медиуми Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.