Стопанската комора на Северозападна Македонија имаше средба со новоизбраните градоначалници од редовите на Албанците, како и со министрите на ДУИ во Владата.
И покрај еднонационалната атмосфера на средбата, претседателот на оваа Комора, Мендерес Кучи, во два наврати искажа критики кон централната власт, велејќи дека бизнисот и служи само за од него да зема даноци, а ја обвини и за потешкотиите што дијаспората ги има кога сака да инвестира во земјава.
Тој додаде и дека многу брзо оваа Комора ќе има „блиска средба“ со градоначалниците од другите општини.