НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албин Курти: Лајчак предложи 15 модели за Заедница на српски општини, ги разгледуваме

0
By Соња Крамарска on March 13, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговите советници и дел од министрите разгледуваат 15 модели за Заедницата на српските општини што му ги понудил претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак, пренесува приштински „Коха диторе“.

Курти рече дека од тие модели според кои се организираат националните малцинства во ЕУ, ќе земе елементи врз основа на кои малцинствата во Косово би биле третирани на вистинско ниво.

Тој истакна дека нема да прави компромиси со уставноста, законитоста и функционирањето на државата.

„Моделите што ги претстави европскиот емисар Лајчак се различни решенија за националните малцинства во земјите на ЕУ, од кои вкупно петнаесет се добро познати. Некои се понови, некои од порано и пред постоењето на ЕУ. Сметам дека тоа се модели од кои можеме да земеме елементи не само за човековите права, туку и правата на националните малцинства да бидат на вистинско ниво кај нас“, рече тој.

Курти изјави дека пред саботната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид, Северна Македонија, ќе се знае агендата и содржината за која ќе се разговара.

„Пред сабота ќе го знаеме дневниот ред и суштинските точки за кои ќе се разговара таму, а како дел од расправата за планот за имплементација на веќе договорениот договор според европскиот предлог, без ништо да се менува“, рече тој.

Албин Курти Заедница на српски општини Косово Мирослав Лајчак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.