Алекс Селмонд се повлекува од функцијата премиер на Шкотска откако населението гласаше против независност соопштува Би-Би-Си.
Тој исто така ќе поднесе оставка како лидер на Шкотската национална партија откако денеска беше прогласено дека Шкотска останува дел од Велика Британија. Конечниот резултат беше 55 наспроти проценти со победа на оние што гласаа со „да“.
Салмонд изјави дека „за него како лидер време е речиси завршено, но за Шкотска кампањата продолжува и сонот никогаш нема да умре.”
Говорејќи од Единбург, официјалната резиденција на премиерот, тој за новинарите изјави дека е неизмрено горд на кампањата за којашто Шкотска се бореше, а особено на 1,6 милиони гласачи кои се собраа за таа кауза.
Салмон оваа партија ја водеше 20 години, а сега ќе му го отстапи местото на како што вели тој соодветен кандидат. Тој исто потсети на залогот кој го даде премиерот Дејвид Камерон за поголемите овластувања на Шкотскиот парламент.