Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Александар и Дац со „Љубовен пасош“, овации и бис пред бугарската публика

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Престижниот фестивал „SoFest“ во Софија, кој веќе пет години се одржува под покровителство на градоначалничката на главниот град Јорданка Фандакова, собра многу познати имиња на бугарски писатели, уметници и изведувачи. Партнер на фестивалот беше Културниот центар на Македонија во Софија.

За доброто расположение се погрижија и познатите македонски пејачи Александар Митевски и Драган Спасов -Дац, јави дописникот на МИА од Софија.

Повеќе од час и половина нивните песни ги држеа посетителите на фестивалот на нозе.

Дуото Александар и Дац претставија дел од својот албум „Љубовен пасош“ на кој има многу популарни песни не само од Македонија, туку и од други балкански земји, меѓу кои Бугарија, Турција и Србија.

Дел од албумот е снимен во Бугарија заедно со познатите пејачи од квартетот „Дестени“ со кои познатото македонско дуо има творечки контакти. Меѓутоа, нивната песна „Корона чао“, која стана многу популарна во Бугарија, предизвика вистински бум.

Публиката неколку пати сакаше бис. Нивниот концерт брзо стана балкански, на кој беа изведени песни од познати српски и босански уметници.

Александар на публиката во Софија и порача дека нивниот концерт во Софија долго ќе го памети, бидејќи љубовта и пријателството се она што треба да ни помогне во регионот.

– Сакајте се, ова мора да го прават луѓето од двете соседни земји Северна Македонија и Бугарија, рече тој.

Концертот се одржа во отвореното кино Кабана на специјалната летна сцена во близина на Националната палата на културата во Софија.

Александар Бугрија Драган Спасов - Дац
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.