Поранешната грчка амбасадорка во Скопје Александра Пападопулу е назначена за нов претставник на Грција во Европската унија, на местото на амбасадорот Теодорос Сотиропулос.
Пападопулу е дипломат од кариера- во службата влегува 1981 година, и стана амбасадор во 2006 година, по петгодишниот мандат како заменик постојан претставник на Грција во ОН.
Од 2007 до 2012 година таа беше шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија а во 2013 година беше назначена за шефица на Генералниот директорат за надворешни работи.