Францускиот сенатор социјалист Ален Ришар, поранешен министер за одбрана, е именуван за претставник на министерот за надворешни работи Лоран Фабијус за развој на економските врските на Франција со Балканот.
Именувањето на Ришар е во рамките на „економската дипломатија“.
– Целиот рефион на Балканот односно 25 милиони луѓе и осум држави сакаат посериозно економскот присуство на Франција. Јас побарав Ален Ришар, сенатор, поранешен министер за одбрана, добар познавач на тој дел од светот, да биде мој претставник во сите тие држави, изјави Фабијус.
Ришар беше министер за одбрана во владата на Лионел Жоспен од јуни 1997 до мај 2002 година.