Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алергичните на глутен се жалат од скапата храна, трошоците им се зголемени двојно

0
By Biljana on April 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неправилни декларации на производите, неиспитани производи,
незаинтересираност кај матичните лекари, покачување на цената на брашното, високите цени, недоволно производи и немање на реагенси за антитела – се дел од проблемите со кои се соочуваат лицата заболени од Целијаклија, хронична автоимуна болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен.

Сара Каракамчева, претседателка на Здружението на целијакличари вели дека со моментално поскапената храна и кај нив се зголемиле двојно трошоците.

„Терапијата на месечно ниво ако го земеме само брашното изнесува 3840 денари само за него. Цените се високи и за посебни зачини, посебна козметика, посебни млечни производи. Има и незаинтересираност кај рестораните и кафеаните во однос на менијата и алергените, мора да готвиме од дома и да си носиме секаде храна со себе“, вели таа.

Единствена метода која ја дијагностицира оваа болест е биопсијата на тенкото црево, а како што појаснува Каракамчева ова заболување е доживотно.

„На примерокот земен за биопсија се забележува дека недостигаат ресичките на тенкото црево, слузницата е потенка и атрофична. Единствен лек и прво и основно правило за лечење на целијакијата е безглутенската диета, која треба да трае цел живот“, дополнува претседателката на здружението.

Според неа нема потреба здравите лица да го избегнуваат глутенот поради мода бидејќи глутенот има многу витамини, кои што болните ги внесуваат преку суплементи бидејќи во храната ги нема во толкава количина.

„Храната гледаме да е строго декларирана, ако не е, тогаш технолог да потврди од фирмата дека одреден производ не поминува на иста лента со глутенски производи, да нема контаминација, па дури и да не се произведува во ист погон“, завршува Каракамчева.

Болеста ги зафаќа сите возрасни групи од двата пола, но поголем процент се жени, а се појавува и кај доенчиња. Последица од оваа нетолеранција е глутенска ентеропатија што се манифестира кај некои луѓе со воспаление и оток на слузницата на тенкото црево, поради што е намалена ресорпцијата на храната. Почетните знаци за појава на болеста често може да се скриени. Видливи знаци се повраќање, надуен стомак, пролив, промена во столицата, мрзливост и неактивност, млитава мускулатура и замор.

Маја Терзиова

вести глутен Македонија нетолеранција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.