Кандидатот за градоначалник на општина Пласница од ДУИ, Алија Јахоски, прогласи победа и порача дека ќе биде градоначалник на сите граѓани.
-Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначални. Благодарам на сите што гласаа, но и на тие што не гласаа, јас ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во општина Пласница, рече Јахоски.
Тој му е брат на претходниот градоначалник на оваа општина, Исмаил Јахоски кој беше избран за пратеник во Собранието.