Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити смета дека вклучувањето на невладините организации и приватниот сектор е услов за успех на дигиталната трансформација.

Како што вели Алити во интервју за „WeBER Talks“, невладините организации се во подобра позиција да комуницираат со граѓаните и да креираат податоци кои би се трансформирале во јавни политики.

Но, нагласува министерот, неопходно е вклучување и на приватниот сектор.

Кога станува збор за дигитализацијата, мора да комуницираме и со приватниот сектор, не само со невладините организации, а кога тоа ќе создаде одговор од различни страни вклучени во момент кога нешто спроведувате, тоа е обично услов за успех, рече Алити во интервјуто.

Извор: МИА