Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алкалоид“ го реализира проектот за гасификација на локалитетот во Ѓорче Петров

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 година и за 2020 година, „Алкалоид АД Скопје“ реализира инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас на локалитетот Ѓорче Петров. Инвестициската активност е со вредност од милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации, соопштија од компанијата.

Водејќи се од светските трендови за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување на емисијата на стакленички гасови, како што се посочува, стручните технички служби во компанијата – Инвестиции, Одржување и Енергетски менаџмент – изготвија план и решение за воведување на природниот гас на локалитетот.

Извршена e набавка и пуштање во употреба на два нови парни котли и горилници со ниско количество на NOx-гасови од светски реномираните производители Viessmann и Saacke, изработени во согласност со последните технолошки и инженерски достигнувања. Новоинсталираната опрема се карактеризира со исклучително висока енергетска ефикасност и искористеност на природниот гас, а направена е и модернизација на котларата, која опфаќа автономно работење од 72 часа без присуство на персонал.

Со воведувањето на природниот гас во индустриските и енергетски капацитети на локалитетот Ѓорче Петров, се создаваат услови за негово максимално искористување, за поголема економичност во вкупната потрошувачка на енергенси во компанијата и за намалување на трошоците за одржување на постојната опрема. Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, Алкалоид придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост, стои во соопштението од компанијата.

Алкалоид Гафификација Ѓорче Петров Локалитет Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.