Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алтернатива, БЕСА и Демократско движење доставија интерпелација за работата на обвинителот Јовески

0
By Ана Василевска on September 14, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2023 13:43

Група пратеници од Алтернатива, Движење БЕСА и Демократско движење доставија интерпелација за работата на јавниот обвинител Љубомир Јовески поради судскиот предмет за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица. Тие бараат јавниот обвинител да се појави во Собрание и пред народот и да ја објасни својата улога во овој случај, имајќи ги предвид сите обвинувања наведени во врска со неговата работа.

– Иако Љубомир Јовески заслужува повеќе интерпелации и отповикување на одговорност, бидејќи не е никаква вест да се каже дека Јавното обвинителство стана едно од министерствата на оваа Влада, сепак, основната причина за оваа интерпелација е кулминацијата на неговата неконзистентна, нетранспарентна, контроверзна работа и губењето на јавната доверба кон институцијата Јавно обвинителство, што се случи со судскиот предмет за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде трагично загинаа 14 лица. Ние сметаме дека улогата на јавниот обвинител Љубомир Јовески, во овој случај стана предмет на сомнеж и за тоа е потребна одговорност и јавно објаснување, велат пратениците во заедничка изјава.

Тие истакнуваат дека интерпелацијата има за цел во јавна собраниска расправа да ги активира сериозните сомнежи дека, како што велат, Јавното обвинителство криело факти и информации во текот на целата постапка за да заштити на тој начин некои политичари и членови на бизнис елитите, кои биле вклучени во изградбата на модуларните болници кои беа предмет на оваа трагедија.

– Затоа, врз основа на одредбите од Уставот на Република Северна Македонија и Деловникот на Собранието на РСМ, ние денеска ја доставивме интерпелацијата во архивата на Собранието и чекаме претседателот на Собранието да ја процесуира истата, информираат пратениците.

Групата пратеници од Алтернатива, Движење БЕСА и Демократско движење потсетува дека врз основа на Деловникот на Собранието, поточно член 47 од истиот, претседателот на законодавниот дом е должен во рок од 15 дена од доставувањето на интерпелацијата, да ја стави на дневен ред на следната прва пленарна седница.

– Оттука, ние очекуваме претседателот на Собранието да го почитува Деловникот на Собранието, а останатиот дел е да се соочиме со аргументи со јавниот обвинител Љубомир Јовески, за тоа како се случило 14 лица да изгорат во болница и да не се бара одговорност од претпријатието што ја изградил модуларната болница, од изведувачот на јавната набавка, потоа да објасни зошто не бил земен предвид извештајот на германската форензика и зошто е изземен обвинителот кој првично беше одреден за тој предмет, велат пратениците.

Алтернатива Беса Интерпелација за Љубомир Јовески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.