Партијата Алтернатива ќе се приклучи на актуелното парламентарното мнозинство и Владата, соопшти по состанокот на Централниот совет на партијата Oрхан Муртезани, портпаролот на партијата „Алтернатива“.

– Алтернатива одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство и да биде дел од оваа влада. Сметаме дека затворањето на спорот со Бугарија не е само државна, туку и албанска цел, затоа што со затворањето на тоа прашање, се отвора патот на целиот регион кон ЕУ, истакна Муртезани.

Тој потенцираше дека како партија бараат меѓународна истрага за случаите Монструм, Алфа, Диво Насење.

– Се одлучивме на ваков чекор поради влезот во НАТО, решавање на спорот со Грција. Сметаме дека постигнувањето на договорите е голема работа за нашата држава, за Албанците, но и победа на Алтернатива, рече Муртезани.

Ова е одлуката од состанокот на Централниот совет на Алтернатива, донесена по три средби на претседателон на„Алтернатива“, Африм Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните четворица пратеници.

Муртезани информираше дека сите договорени точки утре официјално ќе се потпишат од двата претседатели на партијата Заев и Гаши.

На состанокот на Централниот совет на Алтернатива  му претходеа три средби на Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните четворица пратеници.