Има излез од политичката криза, постои пат. Имаме изборен резултат, ќе треба да се формира Влада, но прво треба да се избере спикер во Собранието, изјави германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер.
– Задачите се веќе на маса и со реформите ќе мора да се започне што е можно поскоро, а потоа ќе дојдат и локалните избори на ред, меѓутоа, како што кажав, по редот кој што го наведов, изјави Алтхаузер денеска во Кочани.
Вчера од американскиот Стејт департмент за ВОА изјавија дека „секој кој ги кочи демократските процеси и стабилноста на Македонија и во регионот пошироко, може да сноси одговорност за своите постапки“.