Published: Tuesday, July 15, 2014 13:32
Само месец и половина пред да замине на должност во една од најмоќните европски земји, назначениот македонски амбасадор во Германија Ненад Колев се повлекол од функцијата и одлучил да не служи во Берлин.
Во истовреме, Колев поднел оставка и на функцијата директор за економската дипломатија во МНР. Неофицијално, оставката ја поднел на 9 јули поради несогласувања со шефот на дипломатијата Никола Попоски, со кого имале разидувања и околу последните подготовки пред заминувањето во дипломатска мисија.
Од МНР, за 24 Вести, ја потврдиле оставката, но тврдат дека причините се лични, а не станува збор за недоверба од страна на Попоски.




