Утре со почеток од 13 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Собранието ќе продолжи седницата на Комисијата за европски прашања на која на дневен ред е второто читање на Законот за јазиците.
Амандманската расправа на собраниската Комисија беше одложена вчера поради тоа што не присуствуваа претставници од Министерството за правда.
Груби вчера рече и дека очекува на седницата да се појават и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои постојано тврдат дека законот се носи противуставно.