Американската амбасада во Скопје ја објави фотографијата на државниот секретар Ентони Блинкен со премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.
Во постот на Амбасадата на САД на ФБ, пишува: Секретарот Блинкен на кратко се сретна со премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на маргините на Минхенската безбедносна конференција реафирмирајќи ја силната посветеност за соработка на сите аспекти од Европската безбедност.